Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Скопје: Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Киријас: „Се срамам каде живеам“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци
МВР
Тешко повреден 64-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа
МВР
Уапсен албански државјанин на Табановце, возел „Волво“ барано од Интерпол
МВР
Тројца турски државјани пријавени за самовластие, со закана со оружје одзеле лаптопи, телефони и пари во Стар Караорман
МВР
Битолчанец и фирма пријавени за даночно затајување, УЈП утврдила долг од над 500 илјади денари
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

(Видео) Скопје: Удрил во две паркирани возила и си заминал – д-р Маја Киријас: „Се срамам каде живеам“

Претрес.мк
Последни промени 03/07/2025
Претрес.мк
Сподели

Сведоштво од познатата докторка Маја Киријас разоткри уште една несовесност на улиците во Скопје. Според нејзината објава, неидентификуван возач во раните утрински часови со своето возило удрил во две уредно паркирани коли – едната од нив нејзиното „Нисан“ – и потоа го напуштил местото на несреќата.

„Возилото е мое! Поточно, уште на лизинг… Паркирано уредно. Позади паркирано друго возило. Во 6 часот од гостилница ‘Дукат’ се слуша силен удар од трето возило кое ги удира возилото позади мене и моето Нисан возило!“, напиша д-р Киријас, потенцирајќи дека снимката од безбедносните камери „за жал покажува сè“.

Несреќата се случила пред зградата каде што таа живее, а како што тврди, иако нејзиното возило било правилно паркирано, штетата е значителна.

Докторката упати и остри критики до дел од порталите кои, според неа, ја злоупотребиле несреќата за сензационализам: „Одредени портали на несреќата на граѓаните прават шоу. Се срамам каде живеам. За порталите би дала сугестија – не пренесувајте лажни вести, за да ни оставите барем трошка верба во тоа што го читаме!“

Случајот е пријавен и се очекува полицијата да го идентификува и санкционира возачот кој избегал од местото на настанот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци
Тешко повреден 64-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа
Уапсен албански државјанин на Табановце, возел „Волво“ барано од Интерпол
Тројца турски државјани пријавени за самовластие, со закана со оружје одзеле лаптопи, телефони и пари во Стар Караорман
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад