Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Кривична пријава против правно лице и управителот, работеле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци
МВР
Таткото на Васил Јованов не се појави на судење – Судијката: Ги исцрпевме сите механизми; Обвинителството го преквалификува делото
 Предмети
Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје
 Предмети
Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај
Судии и обвинители
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Татко насилник шамара 4-годишно дете: „Ќе те утепам, ќе ти ја искршам главата“
Новости
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај

Претрес.мк
Последни промени 24/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Зголемен беше обемот на работа на јавните обвинителства во текот на 2024 година, покажа Годишниот извештај за работата на обвинителствата, што го објави Јавното обвинителство. Во текот на 2024 година, основните јавни обвинителства во државава постапувале против вкупно 37.255 сторители на кривични дела, од кои новопримени беа пријави против вкупно 25.909 сторители на кривични дела. Споредбата на податоците покажува дека во извештајната година се регистрира значително зголемување на бројот на новопријавени сторители на кривични дела во однос на претходната година (за околу 10%), како во однос на полнолетните сторители, така и во однос на децата.

Ако се има предвид континуираното намалување и на бројот на јавни обвинители и на бројот на јавнообвинителските службеници во изминатите години, кое продолжи и во текот на извештајната 2024 година, како и недоволниот обем на средства кои се доделуваат за истражните дејствија и за работата на обвинителствата кои се далеку под законски утврдениот минимум, јасно е дека ваквиот зголемен прилив на предмети во јавните обвинителства претставува дополнителен предизвик за капацитетите, се констатира во Извештајот.

Според официјалните податоци, минатата година биле регистрирани само 35 случаи на примена на посебни истражни мерки, што претставува пад од 60% во однос на 2023 година, кога биле евидентирани 87 случаи. И покрај тоа, опфатот на истрагите останува значителен – 363 лица со утврден идентитет, 8 со неутврден идентитет, и 163 предмети на кривично дело, што претставува пораст од 75% споредено со претходната година.

„Се применува покомплексен и понасочен пристап – наместо повеќе мали случаи, истрагите се фокусираат на обемни и сериозни структури“, се наведува во извештајот, потпишан од јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

Најчесто користени се мерките за тајно следење и снимање надвор од домот (чл.252 ст.1 т.3) и следење на телефонски и електронски комуникации (чл.252 ст.1 т.1). Преку овие методи, обезбедени се докази за низа тешки кривични дела, вклучително:

неовластено производство и трговија со дрога,

перење пари,

злоупотреба на службена положба,

криумчарење мигранти,

трговија со луѓе,

терористичко организирање,

и поткуп.

Од прибраните докази, произлегле истраги, обвиненија, и судски пресуди – во дел од случаите сторителите ја признале вината.

Забележително е што во две истраги, обвинителството самоиницијативно применило посебни мерки, што се оценува како позитивен тренд на институционална активност, без потреба од иницијатива од МВР.

Мерките не се применуваат лесно – тие се дозволени само кога не постои друг начин за обезбедување докази. Сепак, се укажува дека не се користени некои клучни мерки, како таен увид во компјутерски системи и симулирано отворање на банкарски сметки – што упатува на потреба од технолошко унапредување и проширување на ресурсите.

Во заклучокот, Обвинителството предупредува: „Во борбата против модерниот организиран криминал, потребна е континуирана адаптација – како на методите, така и на техничката опременост. Без тоа, резултатите ќе стагнираат.“

Можеби ќе ти се допадне

Предложено разрешување на обвинителот Хајрулахи и казна за Цветановски поради тешки дисциплински прекршувања

Коцевски засега „сигурен“, Влада држи кочница и го чека да се „докаже“

Џолев доби унапредување – од шеф на Кривичен, во судија на Апелација

Смена на врвот: Судскиот совет не ја избра Адеми, Фидани поставен за шеф на Врховниот суд

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Кривична пријава против правно лице и управителот, работеле спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци
Таткото на Васил Јованов не се појави на судење – Судијката: Ги исцрпевме сите механизми; Обвинителството го преквалификува делото
Обвинителството ја отфрли пријавата против новинар за телефонско снимање – јавниот интерес е поважен од приватноста, велат од ОЈО Скопје
Пад на бројот на случаи, но не и на тежината на криминалот: Јавното обвинителство со нов извештај
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад