Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Тошковски најави трајно одземање на возила од 1 јануари 2026 ако изигравате нинџи низ улиците
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица
Претрес
(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна
Претрес
МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило
МВР
Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец
МВР
Жена пронашла димна бомба во плакар во стан во Аеродром
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Тошковски најави трајно одземање на возила од 1 јануари 2026 ако изигравате нинџи низ улиците

Претрес.мк
Последни промени 11/06/2025
Претрес.мк
Сподели

Системот „Сејв сити“ ќе започне со работа на 1 јануари 2026 година и ќе овозможи автоматска контрола и санкционирање на сообраќајни прекршоци, најави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МРТВ.

„Оние што мислат дека можат да се однесуваат како ‘нинџи’ на улиците – безобѕирно да управуваат моторни возила – нека знаат дека возилото ќе им биде одземено и трајно ставено во функција на институции како МВР, Министерството за труд и социјала, па дури и детска градинка ‘Цветче’“, рече Тошковски со ироничен тон, алудирајќи на прашањето што ќе се прави со скапи возила како „Ферари“.

Министерот објасни дека новиот систем ќе испраќа известувања за прекршоци директно на мобилен телефон. Прекршителите ќе добиваат порака со датумот на прекршокот и линк за пристап до фотографски доказ. За полесни прекршоци ќе се плаќа парична казна, додека за посериозни следи повик на суд и можно одземање на дозволата за управување.

„Казната ќе стигне на мобилен. Ако сакате доказ – ќе го добиете. Ако сакате да го видите прекршокот – ќе имате слика. Ако сте се возеле со ‘Ферари’ и сте го загрозиле сообраќајот, ќе го дадеме на детската градинка. Но едно е сигурно – тоа возило повеќе нема да биде ваше“, додаде Тошковски.

Системот „Сејв сити“ е дел од стратегијата за подобрување на безбедноста во сообраќајот и воведување на дигитална контрола во реално време.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) Земам 90.000 денари плата, но сметам дека е мала, вели обвинителката Раичевиќ која сака да биде шефица
(Видео) „Не, не, не“ – д-р Барбов категорично ја отфрли опасноста Ива Михаилова да остане трајно неподвижна
МВР со акција низ државата: Осум возачи приведени за безобѕирно управување возило
Речиси 900 прекршоци со електрични тротинети за еден месец
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад