Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Затворска „мафија“ фатена на дело: „плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пронајдена 17-годишната девојка од Желино, која беше пријавена за исчезната
МВР
Тројца повредени во судир на „Фолксваген“ и трактор на тетовскиот регионален пат
МВР
48-годишен прилепчанец во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
МВР
Гранати од Првата светска војна пронајдени при гаснење на пожар кај Новаци
МВР
Трипати предизвикал пожар кај прилепските гробишта и во Варош, кривична за 58-годишен прилепчанец
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Затворска „мафија“ фатена на дело: „плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик

Претрес.мк
Последни промени 25/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против четири лица од Скопје – А.Б. (31), А.Р. (25), Е.Б. (27) и Р.Р. (20) – поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „лихварство“.

А.Б. и А.Р., кои во моментот издржуваат затворска казна во Затворот Идризово, со помош на незаконски внесени мобилни телефони, преку апликацијата „Фејсбук Месинџер“, стапиле во контакт со мајка на друг осуденик. Од неа барале месечен надомест од 1.200 евра во замена за, како што тврдeле, „заштита“ и подобри услови за нејзиниот син во затворот. Во видео повици ѝ прикажувале сцени на насилство врз нејзиниот син, уценувајќи ја дека ќе продолжат со насилството доколку не ги добијат парите.

На 23 мај 2025 година, Е.Б. (брат на А.Б.) и Р.Р. (брат на А.Р.) по претходен договор се сретнале со мајката во Струмица за да ја преземат паричната сума, за која тврделе дека е долг. Во моментот кога Е.Б. ги примил претходно обележаните пари, бил приведен од полициски службеници од СВР Струмица. Р.Р. се обидел да побегне, но веднаш бил фатен и приведен. При приведувањето, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои не поседувал доказ за потекло, па истите биле одземени.

Истовремено, по наредба на надлежните органи, биле извршени претреси во затворските ќелии на А.Б. и А.Р. во Затвор Идризово. Притоа биле пронајдени и одземени два мобилни телефони со кои, според истрагата, тие ја извршувале изнудата.

Е.Б. и Р.Р. се задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По поднесувањето на кривичната пријава, двајцата биле изведени пред судија од Основниот суд Струмица, кој им изрече мерка куќен притвор.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пронајдена 17-годишната девојка од Желино, која беше пријавена за исчезната
Тројца повредени во судир на „Фолксваген“ и трактор на тетовскиот регионален пат
48-годишен прилепчанец во повеќе наврати ја силувал малолетната поќерка
Гранати од Првата светска војна пронајдени при гаснење на пожар кај Новаци
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад