Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Поистоветувате затвор со гроб, извинете што не се распаднавме, фалеше само и упатство „Како да убиете и да бидете неказнети“, вели Кулакова за Дуковски
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Петрушевски за пратеничките привилегии: „Зошто мислите дека јас живеам подобро од граѓаните?“
Претрес
(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците
Претрес
„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари
МВР
(Видео) „Голф“ со развиорени знамиња го закочи сообраќајот среде Скопје – МВР го казни
МВР
Предизвикал пожар додека работел со апарат за заварување, кривична пријава за 48-годишник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Брифинг

Поистоветувате затвор со гроб, извинете што не се распаднавме, фалеше само и упатство „Како да убиете и да бидете неказнети“, вели Кулакова за Дуковски

Претрес.мк
Последни промени 10/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Росица Кулакова, сестра на Фросина Кулакова, ја искоментира вчерашната изјава на адвокатот Сашко Дуковски, кој рече дека некој им ги пишува говорите за во судница. Таа праша, дали треба болката да ја сервираат на тацна, па потоа се извини, за како што вели, „што не се распаднавме“.

„Вчера адвокатот на обвинетиот, наместо достоинствено да го прокоментира судењето, реши да ни држи лекции по ораторство. Не било автентично што читаме говори – некој ни ги пишувал. Не може таков бездушен човек (во отсуство на посоодветен збор кажувам човек) да сфати дека со последни сили го читаме дури и тоа што претходно сме го напишале. Треба ли да паѓаме во несвест и болката да ја сервираме на тацна, без запирки туку со солзи, за да сме поверодостојни. Извинете што се обидуваме да не се распаднеме. Истиот тој бездушен човек во судницата ја поистоветува болката на нашето семејство со болката на семејството на убиецот на сестра ми. Поистоветува затворска ќелија со гроб. Па еве, ајде да разјасниме: во затвор луѓето се живи, и тие несовесни родители сеуште можат да си го прегрнат детето, што патем, по своја заслуга се нашло таму. Кого да го прегрнат моите родители освен ладната слика на сестра ми? Кој нормален овие две нешта би ги ставил на вага?!“, напиша Кулакова.

Таа додаде: „И како шлаг на оваа негова срамна реторика следеше барање до судот да се води по пресудите од минатото. Оние срамните, понижувачките. Оние што ние, народот, најстрого ги осудуваме! Демек правдата е некаков шаблон за копирање, а не жив систем што мора конечно да профункционира. Ама, очигледно е дека во недостиг на вистински аргумент за одбрана се повикува на туѓи неправди. Фалеше само уште да добиеме и едно упатство ‘Како да убиете, а да останете неказнети’“, објави Кулакова.

Претходно:

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Петрушевски за пратеничките привилегии: „Зошто мислите дека јас живеам подобро од граѓаните?“
(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците
„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари
(Видео) „Голф“ со развиорени знамиња го закочи сообраќајот среде Скопје – МВР го казни
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад