Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Вработен во казино во Бурел, договорил грабеж: го спровел со двајца скопјани
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
МВР
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
МВР
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
МВР
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
МВР
Изградил ограден ѕид и настрешница на државно земјиште, пријавен за узурпација
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Вработен во казино во Бурел, договорил грабеж: го спровел со двајца скопјани

Претрес.мк
Последни промени 03/05/2025
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение спрема три лица како извршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 2 од Кривичниот законик, сторено на 11 април во казино во Бутел.

Јавниот обвинител поведе истрага, бидејќи постои сомнение дека тројцата се дружиле за да извршат кражба и од казиното одзеле 1.460.856 денари.

Претходниот ден, осомничените – двајца браќа на возраст од 20 и 22 години, како и 29-годишник вработен во казиното, седеле во кафе бар и се договориле како да ја извршат кражбата.

Според договорот, на критичниот ден, осомничениот вработен во казиното им дал знак кога е погодно време за реализација на кражбата. Браќата дошле со автомобил пред казиното, при што едниот останал во возилото, а другиот маскиран насилно влегол во објектот, се упатил кај касата и првично му покажал пиштол на вработениот – осомничен како да му се заканува. Потоа пиштолот го оставил на пултот и заедно ја наполниле торбицата со парични средства од вкупниот промет од претходниот ден, со намера противправно да ги присвојат. Веднаш потоа двајцата браќа избегале од местото на настанот.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности и исполнетоста на законските основи, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост за двајца осомничени кои се лишени од слобода. Се предлага забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице во Судот, привремено одземање на патните исправи, забрана за посетување на казиното и забрана за приближување, воспоставување или одржување контакти со останатите осомничени.

За третиот осомничен кој е во бегство предложено е определување мерка притвор која ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат е проблемот со здравственото осигурување на вработените
Малолетен мотоциклист тешко повреден по судир со автомобил во Струмица
28-годишник од Тетово лажно пријавил дека баба му и дедо му му украле 3,5 милиони денари
Кривична пријава против фирма и нејзин вработен од тетовско поради недозволена наплата во странска валута
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад