Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот – сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Починало едноиполмесечно бебе на Детската клиника
МВР
Утревечер посебен режим на сообраќај во Скопје
МВР
Фатен на дело: маж од скопско подметнувал оган покрај автопатот Скопје – Тетово
МВР
Местото „Ливади“ кобно за 70-годишен човек, загина откако камион удрил во неговото возило
МВР
„Швајцарско БМВ“ усмрти мотоциклист во Гостивар, 18-годишно момче загина на лице место
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Мерко може да избега, па побарано одземање на пасошот – сега го гонат и за предизвикување етничка нетрпеливост

Претрес.мк
Последни промени 28/12/2024
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

“Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.

Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот”, велат од Обвинителството.

Можеби ќе ти се допадне

Притвор за тетовец кој бил макро на 23-годишната Косовка, која сакаше да се самоубие скокајќи од неговито мотел

Брутално претепале човек за лубеници – се бара притвор за две лица

Трошел за хотели, ресторани, патувања, такси, рента кар…Обвинителството поднесе обвинение против Ване Цветанов

Скопјанец кој има 23 години фатен со пиштол и 51 куршум – обвинителството бара притвор

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Починало едноиполмесечно бебе на Детската клиника
Утревечер посебен режим на сообраќај во Скопје
Фатен на дело: маж од скопско подметнувал оган покрај автопатот Скопје – Тетово
Местото „Ливади“ кобно за 70-годишен човек, загина откако камион удрил во неговото возило
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад