Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ексклузивно, нова пресуда од Апелација: Камчев не е оштетен во „Рекет“, сега треба да им плати на Катица Јанева и Боки 13
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми
 Предмети
Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари
МВР
Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзани со нехигиената во Скопје
 Предмети
(ВО ЖИВО) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?
Претрес
(ВО ЖИВО) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судски постапки

Ексклузивно, нова пресуда од Апелација: Камчев не е оштетен во „Рекет“, сега треба да им плати на Катица Јанева и Боки 13

Претрес.мк
Последни промени 04/04/2024
Претрес.мк
Сподели

Бизнисменот Орце Камчев не е оштетен, а сега ќе треба да им плати и трошоци за тоа што ги тужеше Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, одлучи Апелациониот суд-Скопје, дознава „Скопје1“. Апелација целосно ја потврди пресудата која ја донесе судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд, кој го одби тужбеното барање на Камчев кој бараше да му се вратат 1,5 милиони евра од предметот „Рекет“. Сега, Камчев ќе треба да им плати на Боки 13, Катица Јанева и државата, за судските трошоци кои им ги предизвикал со тужбата.

„Пресудата на Основниот граѓански суд-Скопје се потврдува. Се задолжува тужителот Јордан Камчев од Скопје да му плати на првотужениот Бојан Јовановски трошоци за одговор на жалба во износ од 49.702 денари, на второтужената Катица Јанева трошоци за одговор на жалба во износ од 52.702 денари, на Република Северна Македонија, СЈО, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, трошоци за одговор на жалба во износ од 74.552 денари“, стои во дел од пресудата.

Апелација смета дека судијата Димовски пресудил правилно кога ја донел одлуката во која меѓудругото наведе дека: „Кривичниот законик предвидува случаи кога конфискуваното му се враќа на оштетениот, меѓутоа, ова не е таков случај. За конкретното кривично дело, примање награда за противзаконито влијание, природата на кривичното дело и лицата инволвирани во кривичното дело, за нив Кривичниот законик не предвидува својство на оштетен“.

Судењата за овој предмет во Граѓанскиот суд поминаа со караници и низа докажувања. Боки 13 му посочуваше на Камчев парите да ги бара кај обвинителката Вилма Русковска која го водеше случајот „Рекет“. Камчев пак, објаснуваше како ги дал парите, во колку наврати, од каде биле извадени.

Ексспецијалната обвинителка Катица Јанева посочи дека ниту во кривичниот предмет „Рекет“ не била гонета дека земала дел од милионот. Караници имаше и кога сведок беше Кристина Камчева-Стојческа, сестра на Орце Камчев. Во тужбата беше опфатен и Зоран Милески-Кичеец, за кого Камчев ја повлече тужбата.

Можеби ќе ти се допадне

Детали: Полицајци од „Идризово“ ослободиле осуден за убиство – наместо во болница, тој се шетал низ Скопје

Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Ќе се бара затворски притвор за Јахоски, обвинителката поднесе жалба оти судијата го пушти во куќен притвор

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Сомнежи за штета од 42 милиони денари во прилепската болница – истрага против поранешна директорка и управители на фирми
Полициска акција во Скопје – се претресуваат повеќе локации за лихварство и перење пари
Обвинителството потврди: можно проширување на истрагата и кон Град Скопје, поврзани со нехигиената во Скопје
(ВО ЖИВО) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад