Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Кога ќе проработат новите камери и ќе се казнува по пошта: инсталацијата е во тек…
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
14-годишник возел четирицикл без возачка дозвола во Гостивар, полицијата му го одзеде возилото
МВР
Пожар зафати „пежо“ во Гази Баба
МВР
Жена фатена при обид да ограби куќа во Велес
МВР
Пет лица ќе одговараат за неовластена трговија со дрога во струмичко
МВР
Уапсен маж од Неготино осомничен дека ги нападнал поранешната сопруга и ќерката
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Кога ќе проработат новите камери и ќе се казнува по пошта: инсталацијата е во тек…

Претрес.мк
Последни промени 08/03/2024
Претрес.мк
Сподели

Новите камери поставени низ скопските улици имаат мерачи на брзина и можност да препознаваат кога се прави прекршок со поминување на црвено светло. И сето ова е функционално. Остануваат измените на Законот за безбедност во сообраќајот, па тие ќе почнат да се употребуваат и во пракса. Без одговор од МВР се низа прашања – па не се знае на колку раскрсници се поставени, но и кога ќе бидат вклучени. Вакви камери се поставени на влезот од Скопје во Гази Баба, како и на клучни точки каде досега често имаше тешки сообраќајни незгоди.

„Имплементацијата на надградбата на системот Безбеден Град е во почетна фаза. Во тек е пристигнување на целокупната опрема и подготовките за поставување на новите сајтови, и се очекува наскоро истата да се инсталира. Претходно веќе е извршено одредено тестирање на опремата во поглед на брзо возење и поминување на црвено и резултати од тестирањето на опремата и камерите се позитивни“, велат од МВР за „Скопје1“.

Оттаму велат дека чекаат законски измени за да казните можат да се изготвуваат и стигнуваат директно на домашна адреса.

„Во постапка се измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во кој ќе се уредува начинот на обезбедување и испраќање на доказниот материјал до сторителот на прекршокот“, додаваат од МВР.

Временската рамка за имплементацијата за надградбата за системот Безбеден Град е класифицирана информација.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

14-годишник возел четирицикл без возачка дозвола во Гостивар, полицијата му го одзеде возилото
Пожар зафати „пежо“ во Гази Баба
Жена фатена при обид да ограби куќа во Велес
Пет лица ќе одговараат за неовластена трговија со дрога во струмичко
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад