Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Рустеми по чекорите на Фетаи, само Хајрулахи не се предаде
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Нов обид да се запали приватниот отпад во Визбегово: со брза реакција полицијата уапси три лица
МВР
Тошковски: Историски најдобри резултати во безбедноста во сообраќајот и намалување на криминалот во Струмица
МВР
Пет лица приведени поради дрога во Скопје, Прилеп и Велес, меѓу нив и малолетник
МВР
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
МВР
Затвореник силувал друг затвореник во затворот во Штип
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Рустеми по чекорите на Фетаи, само Хајрулахи не се предаде

Претрес.мк
Последни промени 30/11/2022
Претрес.мк
Сподели

Додека Советот на јавни обвинители да избере шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје, од тројца кандидати, остана само еден. Досегашниот шеф Мустафа Хајрулахи, сега нема конкуренција во трката бидејќи кандидатурата ја повлече и Бурим Рустеми. Ова доаѓа по две недели откако истото го направи и Фатиме Фетаи. Сега, Советот на обвинители може да одлучи само Хајрулахи да добие мандат или ако нема доволно гласови, да го повтори огласот.

Eдинствениот кандидат обвинителот Мустафа Хајрулахи, кажа дека не ги знае причините поради кои и Бурим Рустеми се повлекол од трката за шефовското место. Тој додаде дека Рустеми не наговестил вакво нешто. За шпекулациите и неговото поврзување со структури на ДУИ, рече дека станувало збор за неточни гласини.

„Тоа се гласини и шпекулации, не знам од каде такви шпекулации. На крајот од краиштата, Советот е самостојно тело и одлучува по свое убедување, по оценките, по резултатите. Јас веќе четири години изработувам извештаи, можете да ги прашате и шефовите на основните обвинителства како е пред мојот избор и по мојот избор. Немајќи други податоци, односно друга црна дамка, ме поврзуваат со предметот за Ејуп Алими и Исмет Гури (функционери на ДУИ). Јас кажав зошто се одлучуваше по тој предмет подолго отколку за другите. Тогаш, имав корона, а корона имаше и обвинителот кој одлучуваше. Не знам зошто толку ги извртуваат работите“, рече Хајрулахи.

Советот на јавни обвинители досега имаше два обиди да избере шеф на Вишото обвинителство-Скопје, како и вишото во Гостивар. Првиот пат не беа избрани со оправдување дека оценките стигнале доцна, па немало време да се разгледаат. Следниот пат, беа назначени вршители на должност, а Фетаи ја повлече кандидатурата.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Нов обид да се запали приватниот отпад во Визбегово: со брза реакција полицијата уапси три лица
Тошковски: Историски најдобри резултати во безбедноста во сообраќајот и намалување на криминалот во Струмица
Пет лица приведени поради дрога во Скопје, Прилеп и Велес, меѓу нив и малолетник
Осум пријави за семејно насилство за едно деноноќие, пет лица приведени
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад