Екипа на скопската противпожарна бригада гаснела пожар што избувнал во куќа во општината Шуто Оризари. Во огнот изгорела разновидна стока, а настанот поминал без повредени лица.Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен на 17 ноември, во 16 часот, во СВР Скопје. Огнот избувнал во куќа сопственост на 61-годишен жител на Скопје, со иницијали З.Ж..Противпожарната екипа интервенирала и успеала да го изгасне пожарот, додека полициски службеници излегле на местото на настанот.
Сподели го овој напис
