Во зајакната сообраќајна контрола спроведена низ целата држава, полицијата регистрирала 145 прекршоци за непрописно престигнување, како и уште 271 прекршок од друг вид.Контролата ја спровел Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи на 15 ноември, во периодот од 12 до 18 часот, со цел откривање и санкционирање на возачите кои непрописно престигнуваат.Од МВР информираат дека за сите утврдени прекршоци се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.Министерство
Сподели го овој напис
