Скопјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка била допирана по телото од малолетник од истото училиште додека била на голем одмор.Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 28 октомври во 14:30 часот во СВР Скопје. Настанот, според пријавата, се случил околу 9:30 часот во основно училиште на подрачјето на општина Центар.Полицијата презема мерки за целосно документирање на случајот.
Сподели го овој напис
