Дваесет и двегодишна жена пријавила во полиција дека била следена и несоодветно допирана од едно лице на подрачјето на скопската општина Карпош.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 19 октомври во 22:20 часот. Жената навела дека инцидентот се случил на 18 октомври, околу 00:30 часот, кога едно лице најпрво ја следело, а потоа ја допирало по телото.Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
