Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднела кривична пријава против двајца малолетници од градот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.Според МВР, на 4 јули 2026 година пријавените со употреба на физичка сила и алат влегле во службени простории на правен субјект од Скопје, односно во неговата подружница во Крива Паланка.Оттаму, како што е наведено во пријавата, биле одземени пари од дневниот промет.
Сподели го овој напис
