На 29 септември во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 45-годишната Е.С. од Скопје, по претходна пријава дека на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнала својата 70-годишна мајка и 13-годишната ќерка.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Сподели го овој напис
