Четириесет и шестгодишен жител на скопско село бил повикан на службен разговор во СВР Скопје по пријава за физички напад врз неговата малолетна ќерка.Според МВР, случајот бил пријавен по настан што се случил околу 14:50 часот во семејниот дом. Д.П. (46), според пријавата, физички ја нападнал својата малолетна ќерка.На 31 август во СВР Скопје бил извршен службен разговор со 46-годишникот.По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Сподели го овој напис
