Тешко е повреден 48-годишен мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Гостивар – Равен.Според МВР, несреќата била пријавена на 19 август околу 14 часот, а во неа учествувале товарно возило „форд“, управувано од 31-годишен гостиварец, и мотоцикл, управуван од 48-годишен жител на Равен.Возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.
Сподели го овој напис
