Жена од тетовско село пријавила дека подолг период била следена и вознемирувана од својот сопруг, со кого е во постапка за развод.Според информациите од МВР, 44-годишната жена на 13 август во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 46-годишен сопруг А.Ј. ја следел на работното место, како и при нејзините посети на родителите, а воедно ѝ го ограничувал движењето.Таа навела и дека откако покренала тужба за развод, започнала да добива заканувачки пораки преку лажни профили на социјалните мрежи.Полиција
Сподели го овој напис
