СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и 43-годишниот О.Ј. од село Слатино, вработен во компанијата, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“.При контрола извршена на 17 април 2026 година во правното лице, полициските службеници го затекнале О.Ј., при што во касата биле пронајдени странски банкноти.По документирањето на случајот, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава против правното лице и вработениот.
Сподели го овој напис
