Пожар што зафатил поголема површина со жито избувнал во атарот меѓу селата Пирок и Градец во тетовско, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 22 јули околу 16:30 часот во СВР Тетово.Пожарот бил целосно изгаснат со интервенција на екипи од Територијалните противпожарни единици од Тетово и Боговиње, со помош на локалното население.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.
Сподели го овој напис
