Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П. (41) од Гостивар поради сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.Според Министерството за внатрешни работи, на 31 мај 2026 година во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал својата 38-годишна сопруга.По целосното документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели го овој напис
