На 20 јуни 2026 година во 13:20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека од патничко возило „Фолксваген Тигуан“, сопственост на странска амбасада, била одземена една регистарска табличка.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кражбата се случила во периодот од 18:00 до 21:00 часот на 15 јуни, на подрачјето на Центар во Скопје.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.
Сподели го овој напис
