На автопатот Охрид–Кичево, кој е во фаза на изградба, вчераутро се случила тешка сообраќајна несреќа во која е повреден државјанин на Кина, ангажиран на градежните работи.Според информациите од МВР, на 15 јуни околу 07:55 часот, кај селото Оровник во општина Дебарца, К.Ш. (32) од струшкото село Корошишта, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски таблички, изгубил контрола над возилото. Најпрво удрил во шахта, а потоа и во Л.Ј. (46) од Народна Република Кина, кој во тој момент извршувал работни задачи на трасата на автопатот.Кинескиот работник се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот претрпел телесни повреди. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.По наредба на јавен обвинител, К.Ш. бил лишен од слобода, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Охрид. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сподели го овој напис
