Четириесетгодишна жена од тетовско село пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер со месеци ја следел, ја вознемирувал и ѝ упатувал закани по животот.Од СВР Тетово информираат дека на 10 јуни, околу 23 часот, жената пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер Б.А. (38) од Тетово, по прекинот на нивната врска, континуирано ја следел низ градот.Според пријавата, тој ја вознемирувал и преку телефонски повици од различни телефонски броеви, при што ѝ упатувал закани по нејзиниот живот, како и по животот на членовите на нејзиното семејство.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и за целосно расчистување и документирање на случајот.
Сподели го овој напис
