Шеесетгодишен жител на селото Гајре, со престој во Тетово, пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 34-годишен син, кој претходно од него барал пари.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 8 јуни во 21:50 часот. Според пријавата, инцидентот се случил околу 16:30 часот во угостителски објект лоциран во близина на бензинска пумпа на улицата „Илинденска“ во Тетово.Синот Е.М. дошол во објектот и агресивно побарал пари од својот татко. Откако бил одбиен, почнал физички да го напаѓа, а потоа го удрил и со тврд предмет, при што му нанел телесни повреди.Поголем инцидент бил спречен благодарение на гостите кои седеле во близина и успеале да ги разделат.Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и за целосно расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
