Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Четири лица приведени по седум случаи на семејно насилство во едно деноноќие
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Тешко повреден 65-годишен мотоциклист во сообраќајка во Кичево
МВР
Пронајдена марихуана кај две лица во угостителски објект во Охрид
МВР
Ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет: Приведен кавадарчанец
МВР
Тешко повреден 69-годишен пешак откако бил удрен од автомобил во Струмица
МВР
Уапсен 55-годишниот маж која ја силувал вонбрачната партнерка
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Четири лица приведени по седум случаи на семејно насилство во едно деноноќие

Претрес.мк
Последни промени 31/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Во текот на изминатите 24 часа полицијата постапувала по седум пријави за семејно насилство низ државата, при што четири лица биле лишени од слобода, а со едно лице бил извршен службен разговор.Во Тетово, утрово бил приведен 44-годишен жител на гостиварското село Добридол, со престој во Тетово, поради сомнение дека извршил семејно насилство врз својата сопруга.Во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полицијата привела 46-годишен скопјанец кој, според пријавата, физички ги нападнал своите родители и им се заканувал на членовите на семејството.На подрачјето на Шуто Оризари бил лишен од слобода 40-годишен маж, откако со остар предмет им се заканувал на својата вонбрачна партнерка и нивната ќерка, а притоа оштетил и дел од покуќнината.Во Виница, пак, била приведена 29-годишна жена поради сомнение дека со метален предмет физички ја нападнала својата 51-годишна мајка и ѝ нанела повреди. Повредената била згрижена во Општата болница во Кочани.Во Полициската станица Драчево бил извршен службен разговор со 63-годишен скопјанец, по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга.Дополнително, во СВР Скопје биле пријавени уште два случаи на семејно насилство. Во едниот, 37-годишна жена пријавила дека нејзиниот вонбрачен партнер ѝ истурил хемиско средство во пределот на лицето и очите, по што ѝ била укажана лекарска помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Во другиот случај, 33-годишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг ѝ упатувал закани во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Тешко повреден 65-годишен мотоциклист во сообраќајка во Кичево
Пронајдена марихуана кај две лица во угостителски објект во Охрид
Ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со остар предмет: Приведен кавадарчанец
Тешко повреден 69-годишен пешак откако бил удрен од автомобил во Струмица
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад