Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Измени во сообраќајот поради велосипедска трка и планинарска тура: Еве кои улици ќе бидат затворени
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Возило излетало од патот Гургурница–Стенче, двајца повредени
МВР
Тетовец фрлил предмет кон сопругата и ја повредил
МВР
Шест малолетници ограбиле едно лице со остар предмет
МВР
Приведен 20-годишник во Палатица, кај него пронајдени 15 пакувања марихуана
МВР
Возеле без дозвола, па останале без возилата: Приведени двајца возачи
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Измени во сообраќајот поради велосипедска трка и планинарска тура: Еве кои улици ќе бидат затворени

Претрес.мк
Последни промени 17/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Дел од улиците низ главниот град денеска ќе бидат затвори, за што ќе биде организиран посебен режим на сообраќај поради одржување на два спортски настани, поточно велосипедска трка и планинарска тура.„На 17.05.2026 (недела), во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ – Скопје, ќе се одржи четиринаесеттото издание на традиционалниот спортско-рекреативен настан насловен како „Прв до врв“.Во рамки на настанот ќе се реализира велосипедска трка со почеток во 09:45 часот, со траса на движење од пред Музеј на град Скопје по ул. „Св. Кирил и Методиј“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, право по бул. „Мајка Тереза“, лево по ул. „Тодор Александров“, а потоа по локалниот пат кон Средно Водно и до врвот на Водно (Милениумски крст).Воедно, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи и планинарска тура, која ќе стартува пред ООУ „Кочо Рацин“ на бул. „Мајка Тереза“, ќе продолжи по ул. „Тодор Александров“, а кај ул. „Салвадор Аљенде“ учесниците ќе се движат десно по планинската патека кон Средно Водно и понатаму кон врвот на Водно (Милениумски крст)“ се посочува во објавата на МВР.Од таму додаваат оти, поради одржувањето на настаните, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно реализирање на истиот.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Возило излетало од патот Гургурница–Стенче, двајца повредени
Тетовец фрлил предмет кон сопругата и ја повредил
Шест малолетници ограбиле едно лице со остар предмет
Приведен 20-годишник во Палатица, кај него пронајдени 15 пакувања марихуана
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад