Од Министерство за внатрешни работи информираат дека на 13.05.2026 година полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од селото Сарај, скопско, поради сомнение за кражба на велосипед.Како што соопшти МВР, полицијата постапувала по пријава од А.С., кој на 12.05.2026 пријавил дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед.По преземени мерки и активности, сторителите биле идентификувани и приведени во полициска станица, а украдениот велосипед бил пронајден и вратен на сопственикот.По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Сподели го овој напис
