Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови
МВР
Напади врз деца, родители и полициски службеник – полицијата со повеќе пријави за насилство низ Македонија
МВР
Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан
МВР
Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот
МВР
Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Пијан скопјанец уринирал врз службено возило на Град Скопје, па му искршил нос на комунален редар – интервенирала и полиција

Претрес.мк
Последни промени 09/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Комунален редар од Град Скопје завршил со скршеници на носот по инцидент што се случил ноќеска пред бараките на Град Скопје, откако алкохолизирано лице уринирало врз службено возило, а потоа физички нападнало инспектор.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во 00:10 часот во СВР Скопје.„На булеварот ‘Илинден’ пред Град Скопје едно лице нападнало инспектор од Град Скопје. Тројца комунални инспектори забележале три лица, од кои едното уринирало врз нивното службено возило, по што веднаш го напуштило местото“, велат од полицијата.Според пријавата, откако неговите другари го повикале назад, било утврдено дека станува збор за Д.Т. (24) од скопското село Љубанци.„По кратка расправија помеѓу него и вработениот И.С. (51) од Скопје, настанала физичка пресметка, при што двајцата се здобиле со телесни повреди“, додаваат од МВР.Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за „Скопје1“ изјави дека тројца мажи во алкохолизирана состојба претходно уништувале јавен имот и уринирале врз автомобили на градскиот паркинг.„Комуналниот редар кој тогаш пристигнал да преземе смена, ги запишал, едниот од нив правел проблеми, но другите двајца го однеле. Брзо потоа, истиот се вратил пред чуварската канцеларија во Град Скопје и ги навредувал, при што имало обид за насилство од негова страна“, вели Ѓорѓиевски.Тој додава дека редарот И.С. бил нападнат од алкохолизираното лице и притоа се здобил со скршеници на носот.„Редарот бил пренесен во болница каде му е извршена интервенција, а полицијата го завела случајот“, додава градоначалникот.Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови
Напади врз деца, родители и полициски службеник – полицијата со повеќе пријави за насилство низ Македонија
Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан
Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад