Од МВР информираат дека жена од Прилеп пријавила во ОВР Прилеп дека била физички нападната во семејниот дом од страна на нејзиниот сопруг.Според МВР, на 5 мај во 14:00 часот, таа пријавила дека сопругот С.К. употребил тврд предмет при нападот и ѝ нанел повреди.По пријавата се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.
Сподели го овој напис
