Инцидент е пријавен за време на кошаркарски натпревар во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од МВР.Според полицијата, на 3 мај 2026 година околу 14:15 часот, за време на натпреварот меѓу КК МЗТ Скопје и КК ИБА, едно лице се однесувало агресивно и упатувало навреди кон судиите.По налог на делегатот, редарите го отстраниле од салата, но при излегувањето лицето продолжило со агресивно однесување и кон делегатот, при што во еден момент се обидело и физички да го нападне. Обидот бил спречен од редарската служба.Станува збор за прекршок по член 3 од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. Од МВР посочуваат дека се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
Сподели го овој напис
