Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Кривична пријава за „несовесно работење“ и „злоупотреба на службена положба“ против поранешен градоначалник на Струмица и уште четири лица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Италијански државјанин ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и пари
МВР
Во Кондово опожарено возило во двор на семејна куќа
МВР
Неексплодирана граната пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
МВР
24-годишно момче пронајдено починато во семејниот дом
МВР
Украл електричен тротинет во Центар, полицијата го пронашла за неколку часа
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Кривична пријава за „несовесно работење“ и „злоупотреба на службена положба“ против поранешен градоначалник на Струмица и уште четири лица

Претрес.мк
Последни промени 01/05/2026
Претрес.мк
Сподели

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против пет лица од Струмица, меѓу кои поранешен градоначалник, поради сомнежи за „несовесно работење во службата“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“.Пријавата се однесува на К.К. (36), С.Р. (38), М.Т. (42), С.О. (61) и Ѓ.М. (54), при што според МВР, тројца од нив се товарат за несовесно работење, едно лице за злоупотреба на службена положба, а едно за бесправно градење.Според наводите, М.Т., како службено лице во општинскиот сектор за урбанизам, изготвила одобрение за реконструкција спротивно на деталниот урбанистички план, иако на локацијата не била дозволена градба, а фактички се работело за нов објект.Раководителката С.Р. е осомничена дека не извршила соодветен надзор и го одобрила документот и покрај тоа што требало да знае дека станува збор за нова градба.Поранешниот градоначалник К.К. е осомничен дека го потпишал одобрението без да обезбеди соодветна контрола во постапката.Лицето Ѓ.М. започнало со изградба пред правосилно завршување на постапката, при што, според МВР, на локација каде не е дозволена градба, изградил објект од втора категорија.Инспекторката С.О. е осомничена дека во надзорната постапка не констатирала бесправна градба и ја третирала како прекршок, иако според документите требало да утврди кривично дело.Постапката продолжува пред надлежното обвинителство.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Италијански државјанин ограбен во центарот на Скопје, му одзеле часовник и пари
Во Кондово опожарено возило во двор на семејна куќа
Неексплодирана граната пронајдена на градилиште на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје
24-годишно момче пронајдено починато во семејниот дом
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад