Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Над 7.000 пресуди во Кривичен за три месеци: 620 пресуди за полнолетни, 6534 прекршоци во квартал
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Марихуана и ризли пронајдени при претрес во Кавадарци, едно лице уапсено
МВР
Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра
МВР
(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб
Претрес
(ВО ЖИВО) Бобан Утковски: Во 2001 многу грешки беа направени, странците видоа дека не знаеме каде тераме
Претрес
(ВО ЖИВО) Директорот на Шутка: Не верувам дека Груевски ќе се врати
Претрес
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Над 7.000 пресуди во Кривичен за три месеци: 620 пресуди за полнолетни, 6534 прекршоци во квартал

Претрес.мк
Последни промени 29/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје го објави првото издание на својот е-весник, во обид да ја зголеми транспарентноста и да ја приближи својата работа до јавноста.Во првиот број, судот излегува со конкретни бројки за сработеното во првиот квартал од 2026 година, но и со примери од судската практика и пораки за јакнење на довербата во правосудството.Според објавените податоци, во период од три месеци донесени се 620 пресуди за полнолетни сторители, 60 за малолетници и дури 6534 пресуди во прекршочна постапка.Во делот за организиран криминал и корупција, судот информира дека биле определени повеќе видови мерки, меѓу кои ефективни притвори, куќни притвори и мерки на претпазливост, како и пресуди врз основа на спогодби.Е-весникот содржи и конкретни случаи од судската пракса, меѓу кои пресуди за фалсификување пари, перење пари преку фиктивни вработувања и криумчарење мигранти. Во еден од случаите, обвинет бил осуден на три години и шест месеци затвор за учество во организирана група за фалсификување пари, додека во друг случај за криумчарење мигранти била изречена казна затвор од осум месеци и протерување од државата.Судот преку посебен сегмент се обидува да ја едуцира јавноста и за постапките поврзани со сообраќајни прекршоци, објаснувајќи дека граѓаните имаат рок од осум дена да побараат судска постапка доколку не ја прифаќаат одговорноста.Во интервјуто во рамки на е-весникот, претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, потенцира дека довербата во судството се гради со навремени информации, јасна комуникација и професионално постапување.„Довербата во судството се гради постепено, преку транспарентно, доследно и одговорно постапување“, вели Камбовски, најавувајќи поголема достапност на судските одлуки и поинтензивна комуникација со јавноста.Од судот порачуваат дека целта на е-весникот е да обезбеди јасни и разбирливи информации за работата на институцијата, но нагласуваат дека содржините имаат информативен и едукативен карактер и не претставуваат правен совет.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Марихуана и ризли пронајдени при претрес во Кавадарци, едно лице уапсено
Скопјанец лажно се претставил како лекар од Италија и барал 35.000 евра
(ВО ЖИВО) Утковски: Лидерите на чинот на потпишување на Рамковниот договор беа како на сопствениот погреб
(ВО ЖИВО) Бобан Утковски: Во 2001 многу грешки беа направени, странците видоа дека не знаеме каде тераме
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад