Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Уапсен бегалец од Затворот „Идризово“ во Гостивар
МВР
Тепачка на вчерашниот ракометен натпревар во Аеродром, приведени двајца скопјани
МВР
Малолетник тешко повреден по напад во двор на основно училиште во Ѓорче Петров
МВР
Пожар во куќа во Центар во која долго време никој не живеел
МВР
Маж ја нападнал својата 26-годишна вонбрачна партнерка
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Претрес.мк
Последни промени 26/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривични дела силување на дете кое не наполнило 15 години и злоупотреба на туѓа снимка, фотографија или аудио запис со сексуално експлицитна содржина.„Осомничениот 28-годишник, вработен во основно училиште, го навел девојчето на возраст од 14 години да му прати свои фотографии и видеа со сексуално експлицитна содржина, а потоа ја уценувал дека ќе ги објави ако не излезе со него.Детето-жртва прифатило да се сретнат, по што осомничениот го однел во куќа во гостиварско каде извршил обљуба, кривично дело за кое е предвидена затворска казна од најмалку 8 години.Месецов повторно се обидел да ја уцени за да се сретнат, но девојчето одбило по што тој ги објавил на една социјална мрежа експлицитните фотографии и видеа кои ги поседувал. Со ова ги направил достапни и на други лица, со што го исполнил битието и на второто кривично дело кое беше воведено во февруари годинава и за кое е предвидена затворска казна од 3 до 10 години.Имајќи ги предвид високите запретени казни за овие кривични дела, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик осомничниот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Исто така, постои опасност да влијае врз детето-жртва, но и да го повтори делото. Од тие причини јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, велат од Обвинителството.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Уапсен бегалец од Затворот „Идризово“ во Гостивар
Тепачка на вчерашниот ракометен натпревар во Аеродром, приведени двајца скопјани
Малолетник тешко повреден по напад во двор на основно училиште во Ѓорче Петров
Пожар во куќа во Центар во која долго време никој не живеел
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад