Основното јавно обвинителство во Битола отвори истражна постапка против 54-годишен маж, осомничен за продолжени кривични дела поврзани со сексуална злоупотреба на дете.Според Основно јавно обвинителство Битола, постои основано сомнение дека осомничениот во текот на 2025 и 2026 година, во семејна викенд-куќа во селото Облаково, прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал пред својот 10-годишен син.Дополнително, според наводите, го наведувал и детето да гледа такви содржини и да се самозадоволува.Против него се води постапка за кривични дела „задоволување полови страсти пред друг“ и „прикажување порнографски материјал на дете“, согласно Кривичниот законик.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола доставил предлог за определување мерка привор.
Сподели го овој напис
