Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
13-годишник возел мотор низ Тетово – полицијата му го одзеде возилото
МВР
Работник пријавил дека бил нападнат од газдата кај Маврово
МВР
(Видео) Дел од бастионите на подземјето веќе не се на слобода, тие се дел од нарко-мрежа кои егзистирале три децении, вели директорот на БЈБ
МВР
Приведени пет лица, меѓу нив и малолетник: полицијата имаше акција за возење без дозвола
МВР
Полициска акција во Струмица: 37 пакувања дрога откриени кај едно лице
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена

Претрес.мк
Последни промени 02/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Редовниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Денис Прешова, по повлекувањето на Ленче Ристоска од Обвинителството, оцени дека поднесувањето оставка од професија во која е вложен значителен труд и време е една од најтешките животни одлуки, која најчесто е резултат на притисок и чувство на безнадежност.„Поднесувањето на оставка и повлекување од професијата во која сте вложиле многу време, труд и енергија веројатно е една од најтешките одлуки кои еден човек ги носи во животот. Обично ваква одлука е изнудена или присилена, таа доаѓа од чувството на безнадежност и очај“, наведува Прешова.Тој посочува дека во такви околности, поединецот се наоѓа пред избор – дали да остане во системот или да го зачува сопствениот интегритет.„Човек е поставен помеѓу тоа да се откаже од сето вложено, љубовта кон професијата, или да остане чист пред себе и едноставно да се повлече со цел да си го зачува достоинството и интегритетот одбивајќи да биде претопен во сивилото“, додава Прешова.Според него, ваквата одлука не зборува само за личноста што се повлекува, туку уште повеќе за системот кој довел до таков исход.„И ова колку што говори за личноста која се повлекува и ја поднесува оставката, можеби повеќе говори за системот кој на вакво нешто ја натерал и кој не дозволува двете да бидат помирени“, оценува тој.Професорот е критичен и кон функционирањето на институциите, нагласувајќи дека во систем кој декларативно се повикува на самостојност, изостанува реакција на случувањата.„Во систем кој се ‘колне’ во самостојност и автономија, особено кога треба да се бараат пари, а нема да се најде ниту еден јавно да реагира на сите случувања… не можете ништо друго да очекувате освен послушност и кооперативност со политиката и центрите на моќ“, вели Прешова.Тој додава дека ваквата состојба директно им штети на државните интереси, а изостанува и поддршка од меѓународниот фактор.„Веројатно на иста линија би одела и забелешката кон ‘меѓународната’… бидејќи не видов било кој јавно да се заложи макар и во име на самостојноста и владеењето на правото“, наведува Прешова.Во својата анализа, тој ја истакнува и потребата од поширока реакција внатре во системот.„Борбата на Ленче во изминатиов период… ја гледам низ призма на поттикнување и некој друг од редовите на обвинителството и правосудството да најде за сходно да крене глас и да покаже интегритет“, оценува професорот.Прешова посочува дека поединецот тешко може да го промени системот сам, но дека група на интегритетни професионалци може да создаде промени.„Поединецот не го менува системот… но тоа можеби можат да го сторат група на поединци која ќе биде доволно влијателна и истрајна“, додава тој.Тој предупредува дека без такви промени, системот ќе продолжи да губи квалитетен кадар.„Се додека индиферентноста и сопствениот интерес не бидат потиснати од чувството и желбата за правда, ние ќе продолжиме да го губиме добар кадар“, заклучува Прешова.Според него, ваквите оставки се порака и до оние кои остануваат во системот – дека без суштински промени, професионалците ќе бидат демотивирани или ќе се повлекуваат.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

13-годишник возел мотор низ Тетово – полицијата му го одзеде возилото
Работник пријавил дека бил нападнат од газдата кај Маврово
(Видео) Дел од бастионите на подземјето веќе не се на слобода, тие се дел од нарко-мрежа кои егзистирале три децении, вели директорот на БЈБ
Приведени пет лица, меѓу нив и малолетник: полицијата имаше акција за возење без дозвола
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад