Шеесетгодишен жител на Велес пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од лице кое се претставило како полициски инспектор од Скопје.Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 1 април во 14:10 часот во СВР Велес, а според пријавеното, оштетениот го запознал лицето во декември 2025 година во Велес.Лицето побарало од него да подигне пакет со брендирана облека од друго лице, за кое тврдело дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да плати 200 евра, со уверување дека парите ќе му бидат вратени.На договореното место, наместо со наводниот инспектор од Неготино, оштетениот се сретнал со лицето од Скопје, кое го довело во заблуда, му го предало пакетот и ги земало парите.Според пријавата, истото лице во два наврати го измамило и неговиот син, по што прекинало секаква комуникација со нив.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Сподели го овој напис
