Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Во живо) Петрушевски за пратеничките привилегии: „Зошто мислите дека јас живеам подобро од граѓаните?“
Претрес
(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците
Претрес
„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари
МВР
(Видео) „Голф“ со развиорени знамиња го закочи сообраќајот среде Скопје – МВР го казни
МВР
Предизвикал пожар додека работел со апарат за заварување, кривична пријава за 48-годишник
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Судии и обвинители

Ленче Ристоска преку СМС го известила Савески дека си заминува: Од медиумите ги дознав причините

Претрес.мк
Последни промени 02/04/2026
Претрес.мк
Сподели

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески изрази жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска, наведувајќи дека станува збор за лична одлука за која бил информиран по нејзиното поднесување.„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите“, изјави Савески.Тој посочи дека обвинителството останува без искусен кадар од кој очекувал значаен придонес, особено во делот на меѓународната соработка.„Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда“, рече Савески.Во однос на одлуката за повлекување на овластувањата, тој нагласи дека таа не е насочена кон Ристоска.„Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска. Таа одлука е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување“, изјави тој.Савески упати повик до јавните обвинители да го зачуваат професионалниот интегритет, но и до јавноста и општествените чинители да не се нарушува угледот на институцијата.„Сите одлуки што ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство“, порача Савески.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Во живо) Петрушевски за пратеничките привилегии: „Зошто мислите дека јас живеам подобро од граѓаните?“
(ВО ЖИВО) „Претрес“ на Бране Петрушевски: ВМРО на власт, Заев и Филипче на јахта, Максим, ДУИ и работниците
„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари
(Видео) „Голф“ со развиорени знамиња го закочи сообраќајот среде Скопје – МВР го казни
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад