Девет возачи биле затекнати како управуваат возило под дејство на алкохол, едно лице е лишено од слобода, а вкупно 27 мерки се изречени во акциска контрола што ја спроведе Мобилната единица на МВР во Скопје.Контролата била реализирана во текот на ноќта меѓу 27 и 28 март, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, на подрачјето на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со акцент на санкционирање на возачи под дејство на алкохол.Вкупно биле алкотестирани 49 возачи, при што кај девет од нив било утврдено присуство на алкохол, додека еден возач одбил да се подложи на тестирање.Покрај тоа, биле констатирани уште 12 други сообраќајни прекршоци, а поднесени се и пет барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.Едно лице било лишено од слобода и одземено е едно возило поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управување под активна забрана.За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.Од полицијата најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.Управувањето возило под дејство на алкохол, како што посочуваат, останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и често фатални последици.Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.
Сподели го овој напис
