Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Вчера двајца уапсени за тепање жени, други двајца одат пред суд: поведени постапки за семејно насилство и демнење жени
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Двајца малолетници нападнале врсник во Ѓорче Петров
МВР
Ќерка го нападнала 76-годишниот татко со тврд предмет
МВР
22-годишна жена пријавила дека непознато лице ја следело, а потоа ја допирало по телото
МВР
Градeл бетонска плоча без дозвола во Рамне, доби кривична пријава
МВР
Седум возачи приведени, шестмина возеле без возачка дозвола
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Вчера двајца уапсени за тепање жени, други двајца одат пред суд: поведени постапки за семејно насилство и демнење жени

Претрес.мк
Последни промени 07/03/2026
Претрес.мк
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека полицијата презела нови мерки против сторители на семејно насилство и вознемирување, при што две лица веќе се лишени од слобода, а уште двајца ќе се соочат со постапки пред судот.„Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30-дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат“, изјави Тошковски.Тој нагласи дека Министерството за внатрешни работи постапува бескомпромисно и дека секој што ќе изврши насилство или ќе се обиде да заплашува жена ќе се соочи со институциите и со законот.„Како министер за внатрешни работи, сакам јасно да порачам дека МВР постапува бескомпромисно. Секој што ќе крене рака на друг или ќе помисли дека може да малтретира, демне и заплашува жена, ќе се соочи со институциите и со законот“, рече Тошковски.Министерот ги повика жртвите на семејно насилство и вознемирување да ги пријавуваат ваквите случаи, нагласувајќи дека институциите се подготвени да реагираат брзо и одлучно.Во својата изјава тој се осврна и на политичките реакции во јавноста, посочувајќи дека одговорот на институциите ќе биде преку конкретни постапки.„А оние што денес глумат морални судии и организираат пресови со ‘крвави раце’, обидувајќи се од трагедиите да направат политички спектакл, нека продолжат со тоа. Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења, постапки и институции што конечно работат“, изјави Тошковски.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Двајца малолетници нападнале врсник во Ѓорче Петров
Ќерка го нападнала 76-годишниот татко со тврд предмет
22-годишна жена пријавила дека непознато лице ја следело, а потоа ја допирало по телото
Градeл бетонска плоча без дозвола во Рамне, доби кривична пријава
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад