Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Апсење во гостиварско: маж осомничен за уцена од 5.000 евра, кој сакал да ги изнуди со закани за објава на снимка
МВР
Турчин чекал да добие возачка за жена му без да полага: платил 2.000 евра, ама ништо од ветеното, па пријавил во полиција
МВР
Не застанал на црвено, па натепал полицајци – апсење во Гостивар
МВР
Возач без дозвола приведен на патот Тетово–Гостивар, возел и покрај активна забрана
МВР
Малолетник затекнат зад волан во Тетово: полицијата го приведе, возилото одземено
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“

Претрес.мк
Последни промени 21/01/2026
Претрес.мк
Сподели

Во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов биле извршени два претреси на иста локација, при што првиот обид завршил без пронаоѓање пари, иако истражителите наишле на тазе бетон и дупка под него. Дури при вториот претрес, кога тимовите на Министерството за внатрешни работи со истражителите на ОЈО-ГОКК влегле со повеќе опрема и засилени истражни капацитети, биле откриени скриени пари.При вториот влез во куќата, истражителите ги прашале родителите на судијата дали поседуваат пари, на што тие одговориле негативно.„Имало потазе цемент, а ги прашувате дали сте поправале нешто, а тие велат дека не поправале“, посочи обвинителката.Како клучен сомнителен детал при вториот претрес се појавиле плочките во просторијата, кај кои било забележано дека фугата не е иста како кај другите плочки. Дополнително, истрагата располагала и со оперативни сознанија кои упатувале на можност дека парите се кријат токму таму.„Испокршени биле плочките на местото каде се криеле парите, на рачно тропкање давале друг звук. Нас нѐ обврзуваат прописите да не растураме и кршиме.. Па се потрдувиме што поелегантно. Но, при мало кршење се појави дупка, а низ дупката се појавија пари“, рече обвинителката Искра Хаџи Василева, предметен обвинител.Таа појасни дека биле направени проверки на имотната состојба, недвижностите и приходите, вклучително и анализи на примањата од судиската плата, која, како што нагласи, е лесно проверлива.„Беа направени проверки, на недвижност, имот, како и што можете од државна плата што е многу лесно, бидејќи ние не смееме да имаме дополнителни примања. Направени претреси на три локации претходно, не беа најдени средства. Не е лесно да најдете пари. При првиот обид не беше најдено ништо, па си велите по сознанијата да се провери пак. Отидовме поспремни со технологија“, изјави обвинителката.Во овој момент, според обвинителството, пронајдените пари не се директно поврзани со конкретен судски предмет. Сепак, контурите на случајот, како што беше наведено, почнале да се исцртуваат во контекст на предметот поврзан со адвокатот Фехми Стафа кој го застапува обвинетиот Љупчо Пецов-Ѓаволот. Стафа кој беше фатен при примање пари, за кои Обвинителството тврди дека биле наменети за подмитување судија.„Со наводи и докази кои беа доставени по однос на Љупчо Пецов (Ѓаволот) кој е осомничен во една постапка на Обвинителството… Тогаш се добиваше поконкретни контури. Нему му се барани пари, за да мерката се укине. Ама знаете, кога имате активно решение, тешко е да не влезете во притвор барем еден ден, два, за да образлагате потоа зошто да не влезете. И оттука тргнуваат жалбите, враќање на жалби…“, изјави обвинителката.Таа посочи дека во повеќе случаи, лицата фатени со мито ја поставуваат истата прашалник-реакција.„Кој ме намести“, ова било прво нешто што го кажувале во повеќе случаи, лица кои биле фатени со мито, рече обвинителката, додавајќи: „Како може некој да ве намести, ако вие сте барале и ви дале мито?“.Обвинителката Хаџи Василева ја оцени постапката како сложена уште од самиот почеток.„Комплексна и интересна истрага беше од самиот старт“, рече таа.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Апсење во гостиварско: маж осомничен за уцена од 5.000 евра, кој сакал да ги изнуди со закани за објава на снимка
Турчин чекал да добие возачка за жена му без да полага: платил 2.000 евра, ама ништо од ветеното, па пријавил во полиција
Не застанал на црвено, па натепал полицајци – апсење во Гостивар
Возач без дозвола приведен на патот Тетово–Гостивар, возел и покрај активна забрана
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад