Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Нелегални покер-клубови и лихварство во Скопје: Осуммина уапсени за нелегални игри на среќа, лихварство и перење пари
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Две измами врз стари лица во Штип: Лажни лекари и измислени сообраќајки
МВР
Тешка несреќа на градилиште во Ѓорче Петров – возач на комбе не забележал човек зад возилото
МВР
Малолетници од Струмица пријавени за насилство врз соученик
МВР
Скопјанец среде Центар покажувал агресија кон полицајци, малолетници со закани изнудиле пари од малолетник во Карпош
МВР
Полициска акција низ државата: Алкохол зад воланот, измерени и до 2,48 промили
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
 Предмети

Нелегални покер-клубови и лихварство во Скопје: Осуммина уапсени за нелегални игри на среќа, лихварство и перење пари

Претрес.мк
Последни промени 12/12/2025
Претрес.мк
Сподели

Министерството за внатрешни работи информира дека во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е сузбиена организирана криминална група која подолг период делувала на подрачјето на Скопје, инволвирана во повеќе тешки кривични дела, меѓу кои злосторничко здружување, лихварство, перење пари и неовластено приредување игри на среќа.Полициската акција била спроведена во текот на ноќта меѓу 11 и 12 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со Секторот за компјутерски криминал и Единицата за финансиски истраги, под раководство на јавен обвинител од ОЈО-ГОКК. Врз основа на наредби од Основниот кривичен суд Скопје, биле извршени претреси на 11 локации во Скопје и околината.При акцијата лишени од слобода се осум лица од Скопје, а при претресите биле пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 американски долари, повеќе мобилни телефони, компјутери и лаптопи, три патнички моторни возила, како и големо количество опрема за организирање игри на среќа – професионални маси за покер, чипови, карти и друга придружна опрема. Пронајдена била и растителна и прашкаста материја за која се сомничи дека е наркотична дрога.Од Обвинителството соопштија дека акцијата е резултат на неколкумесечна предистражна постапка. На една од локациите биле затекнати 14 лица кои во моментот активно учествувале во игри на среќа. По поднесените кривични пријави, јавниот обвинител донел наредби за спроведување на две одделни истражни постапки против вкупно осум лица.Во првата истражна постапка се опфатени шест лица за кои постои основано сомнение дека заедно со други, засега непознати лица, формирале организирана група која од февруари 2025 година до декември истата година континуирано и координирано организирала недозволено приредување игри на среќа без лиценца. Игрите се одвивале на најмалку три локации во Скопје, со однапред утврдени термини, правила, влогови и број на играчи. Осомничените обезбедувале играчи, ангажирале лица за делење карти, воделе каса за уплати и исплати и покривале трошоци за функционирање на нелегалните клубови. Се организирале игри како „омаха“, „покер“, „круг“ и „брич“, со што групата се стекнала со значителна противправна имотна корист.Во втората истражна постапка се опфатени три лица, меѓу кои и еден од осомничените од првата постапка. Тие се сомничат дека преку кривичното дело лихварство се стекнале со противправна имотна корист од 7.583.784 денари, која потоа ја пуштиле во легален оптек преку внесување готовина на свои банкарски сметки, трансакции преку трети лица и користење на средствата за купување недвижен имот, сервисирање кредити и финансирање на луксузен начин на живот. За кривичното дело перење пари осомничена е и сопругата на првоосомничениот.Јавниот обвинител, ценејќи дека постојат законски основи, до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување мерка ефективен притвор за седуммина од осомничените, додека за една осомничена ќе биде предложена мерка куќен притвор.Од МВР и Обвинителството најавуваат продолжување на истрагата и преземање на дополнителни дејствија со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Две измами врз стари лица во Штип: Лажни лекари и измислени сообраќајки
Тешка несреќа на градилиште во Ѓорче Петров – возач на комбе не забележал човек зад возилото
Малолетници од Струмица пријавени за насилство врз соученик
Скопјанец среде Центар покажувал агресија кон полицајци, малолетници со закани изнудиле пари од малолетник во Карпош
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад