Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Видео) Откако девојче вперува пушка кон братчето во Крушево, полицијата влезе во нивниот дом
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
„Никој не е сам“: Центар дели пакети за Велигден
МВР
Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица
МВР
Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје
МВР
Скопје со бран инциденти: девојка нападната од група, тепачки на повеќе локации
МВР
Приведен тетовец: му се заканувал на сопствениот татко
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

(Видео) Откако девојче вперува пушка кон братчето во Крушево, полицијата влезе во нивниот дом

Претрес.мк
Последни промени 15/11/2025
Претрес.мк
Сподели

Полицијата целосно го расветли случајот од крушевското село Јакреново, кој предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, откако беше објавено видео на кое 15-годишно девојче вперува ловечка пушка кон главата на својот 11-годишен брат.

— реклама —

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14 ноември 2025 година околу 13 часот, полициски службеници од ОВР Крушево извршиле интервенција во домот на семејството, при што од Ф.А. (44) од с. Јакреново била одземена ловечка пушка, ременик и дозволата за поседување оружје.

— реклама —

View this post on Instagram

Од МВР потврдија дека, по спроведените мерки и консултациите со јавен обвинител, е утврдено дека настанот се случил во семејниот дом, а оружјето со кое девојчето позирало било легално поседувано од таткото.

— реклама —

Оружјето е одземено, а по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инцидентот предизвика загриженост во јавноста, особено поради тоа што се работи за малолетници и огнено оружје, а полицијата порача дека ќе продолжи со засилен надзор и санкции за неодговорно чување и употреба на оружје.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

„Никој не е сам“: Центар дели пакети за Велигден
Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица
Тешко повреден мопедист во сообраќајка во Скопје
Скопје со бран инциденти: девојка нападната од група, тепачки на повеќе локации
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад