Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
(Видео) „Сеатот“во Аеродром не возел во спротивна насока, од ударот се завртел на коловозот –
МВР
Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра, приведени се возачот и патник
МВР
(Видео) Автомобил и автобус се судрија во Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока
Новости
(Видео) МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во акција против кражба на дрва во Арачиново
МВР
Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец
 Предмети
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

Уапсен бизнисменот Крмзов, кого го поврзуваа со Заеви

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Рано утринава, полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов. Апсењето било по најлог на јавен обвинител, а откако за него беше отворена истрага при која пред неколку месеци беа направени претреси и беше одземена документација. Последните информации од премиерот Христијан Мицкоски, кажани на новинарски брифинг, беа дека Крмзов направил злоупотреби тешки 15 милиони евра, а шемата допира до политичари.Еуростандард банка, ископ на јаглен во РЕК Битола, случајот „Синџир“, шверц на брендирана гардероба, поврат на ДДВ… Ова се дел од случаите со кои изминативе години, медиуми и тогашната опозиција – ВМРО-ДПМНЕ – директно или индиректно го поврзуваа струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.Од партијата ВМРО-ДПМНЕ обвинуваа дека Крмзов е близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев, а неговиот хотел „Вила Парк“ во Струмица го нарекуваа „омиленото место на фамилијата Заеви за собирање рекет“.Во емисијата „Код“, Крмзов изјави дека неговите проблеми започнале на самиот крај на минатата 2023 година, кога Управата за јавни приходи започнала да спроведува контроли во негови компании. Меѓутоа, контролите постојано се одложувале и инспекторите не доаѓале во контрола, со цел, според него, државата да има изговор да не ги префрлува парите. Инаку, тогаш директорка на УЈП беше Сања Лукаревска, актуелна пратеничка на СДСМ.„Работам 31 година, овој бизнис го работам од 1993 година. Ова го прават од повеќе причини. Едноставно им сметам и во транспорт и во градежништво и во се. Цела таа акција започна за време на СДСМ, се е на локално ниво. Одредени локални моќници кои мислат дека државата е нивна и можат да прават што сакаат, оркестрираат лажни и инфилтрирани податоци до министри, премиери, служби, за јас да бидам криминалец. Океј, има институции, ќе се провери дали е така или не“, рече тој.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

(Видео) „Сеатот“во Аеродром не возел во спротивна насока, од ударот се завртел на коловозот –
Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра, приведени се возачот и патник
(Видео) Автомобил и автобус се судрија во Аеродром, можно е „сеатот“ да возел во спротивна насока
(Видео) МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во акција против кражба на дрва во Арачиново
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад