Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: (Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект
МВР
Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко
МВР
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола
МВР
Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога
МВР
Голф удри во бетонски столб, тројца се повредени
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
Новости

(Фото) Скопјанец усмртен на кејот кај „Жабарот“ на пешачка зона, прегазен под прозорецот на станот каде живеел

Претрес.мк
Последни промени 30/09/2025
Претрес.мк
Сподели

Излегол на улица, а смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа скопјанецот Југо, кој вчера го загуби животот на кејот на Вардар, спроти Паркот на Франкофонијата. Неговите роднини за „Скопје1“ посочуваат дека сѐ се случило околу 20 часот кога имало преку 30 деца во близина. На моторот, според нивните информации, имало две лица, кои бегале од полиција.„Го убија на пешачка зона“ вели роднина на загинатиот Југо.Преку социјалните мрежи од него се простуваат и пријателите.„Да умрам недалеку од местото кај што се родив, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените… Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше. Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот. Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, вели неговиот пријател Дончо Наумовски.„Скопје1“ побара детали од МВР. Оттаму очекуваме одговор.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Акциски контроли во Скопје и Охрид: Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект
Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје, во Штип синот го нападнал својот татко
Приведени 13 возачи за безобѕирно возење, шестмина управувале без возачка дозвола
Кривична пријава против 26-годишник од Житоше за овозможување употреба на дрога
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад