Рускиот претседател Владимир Путин ја посети фабриката за оружје „Мотовилиха“ во Перм, каде што зборуваше за драматичното зголемување на производството на вооружување во последните две години.„Не се сомневам дека во овој период, кој е релативно краток од перспектива на вашата историја, беше произведено многу во одредени видови оружје и производи. Како што веќе знаете, зголемувањето на производството не беше во проценти, туку повеќекратно – двојно, тројно, десеткратно, петнаесеткратно, а за некои производи речиси триесетпати, буквално за година и пол до две години“, изјави Путин, пренесува РИА Новости.Тој истакна дека побарувачката за модерни вооружени сили нема да престане ниту со завршувањето на, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ во Украина. Според него, Русија ќе продолжи да ги развива и модернизира своите вооружени сили, „правејќи ги модерни, компактни и моќни“.„Се надевам и очекувам дека овие настани поврзани со специјалната воена операција ќе поминат“, додаде Путин во разговор со вработените во фабриката.Посетата на фабриката „Мотовилиха“ е дел од неговата работна тура во Пермската област, регион кој се наоѓа на границата меѓу Европа и Азија

Сподели го овој напис