„Јована Мојсоска по примерот на нејзините сопартијци, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ, инкасирала големи суми на пари од партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:Додека од граѓаните бараат и собираат донации, врвот на Левица тие пари ги ставал во нивни џебови.Мојсоска која не престана да ги напаѓа пратениците за патни трошоци, за четири години од Левица си инкасирала над 600 илјади денари.Додека во Собрание Мојсоска ги напаѓа и обвинува колегите пратеници зошто законски добиваат патни трошоци, таа од 2021 година до денес, од својата партија зела стотици илјади денари.Ова лицемерие на Мојсоска и Левица, кога едно зборуваат а друго прават, е целосно разоткриено и демаскирано.Народот виде дека додека во јавност продаваат скромност и неподмитливост, зад нивниот грб, со пари на граѓаните, ги полнат сопствените џебови.Тука се јавуваат и други дилеми, како на пример врз кој основ Мојсоска ги добила овие пари и дали тоа се партиски патни трошоци?Мојсоска и Левица до толку ли може да бидат лицемерни, од една страна да ги напаѓаат колегите пратеници, а од другата страна, од сопствената партија да зема над 600 илјади денари?Левица, Мојсоска и останатите од партискиот врв се прочитани и демаскирани. Народот виде дека се обични профитери загрижени, единствено, за сопствените џебови.

Сподели го овој напис