Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: СВР Битола: Пријави за петмина тинејџери за насилно одземање маица
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица
 Предмети
Измама во Тетово: Маж останал без над 2.000 евра за „царинење“ мотор
МВР
Измама за работна виза: Тетовец оштетен за над 24.000 денари
МВР
Млада жена донесена во болница со влошена состојба – починала набргу потоа
МВР
27-годишен маж се лизнал и паднал од скеле во Житоше
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

СВР Битола: Пријави за петмина тинејџери за насилно одземање маица

Претрес.мк
Последни промени 05/09/2025
Претрес.мк
Сподели

СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице во Битола на 28 август, следува пријава против пет лица

По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола.

Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото. Имено, на 28.08.2025 во 19:50 часот во СВР Битола, С.Х.Д.(32) од Шведска, со престој во Дебар, пријавил дека на улица „Широк сокак” во Битола, лицата му пристапиле и сакале да му ја соблечат маицата, која ја носел, а на која што имало исцртанo глава на орел од предната и задната страна. Според пријавеното, тој ја соблекол и им ја дал маицата откако увидел дека не може да се одбрани.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Даночна шема тежи стотици милиони: во шемата се и вработени во УЈП, а обвинети се 10 лица
Измама во Тетово: Маж останал без над 2.000 евра за „царинење“ мотор
Измама за работна виза: Тетовец оштетен за над 24.000 денари
Млада жена донесена во болница со влошена состојба – починала набргу потоа
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад