Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Судски постапки
  •  Предмети
  • МВР
  • Истраги
Читате: Апсење на „Долно Блаце“: осомничен за перење пари и даночна измама заврши во притвор
Сподели
Нотификации Прикажи повеќе
Постари вести
Жена пријавила дека нејзиниот малолетен син бил вратен со повреди по средба со таткото во Скопје
МВР
Двајца малолетници приведени по кражба во ГТЦ Скопје, пронајдени нож и електрошок
МВР
Возач почина откако му се слошило додека управувал возило кај Кичево
МВР
Полицијата во Скопје лиши од слобода неколку лица, запленети дрога и оружје
МВР
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Валандово
МВР
Аа
Аа
Претрес.мкПретрес.мк
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Пребарај
  • Новости
  • Брифинг
  • Судски постапки
  • Мислења
  • МВР
  • Судии и обвинители
  •  Предмети
  • Истраги
Заследи нѐ
  • Маркетинг
© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.
МВР

Апсење на „Долно Блаце“: осомничен за перење пари и даночна измама заврши во притвор

Претрес.мк
Последни промени 29/08/2025
Претрес.мк
Сподели

Уште едно лице е лишено од слобода во рамки на истрагата за злосторничко здружување, даночна измама, даночно затајување и перење пари. Управата за финансиска полиција информира дека на 28 август 2025 година, на граничниот премин „Долно Блаце“, бил уапсен С.А., државјанин на Косово, за кој постои основано сомнение дека е инволвиран во кривични дела „Злосторничко здружување“ и „Даночно затајување“.

По приведувањето, осомничениот бил изведен пред судија на претходна постапка кој му одреди мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во КПУ Куманово.

Апсењето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица. Тогаш беше обезбеден обемен доказен материјал во рамки на сложена предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Вкупно се поднесени кривични пријави против 13 физички и 10 правни лица, а на државниот буџет, според финансиската полиција, му е нанесена штета од над 430 милиони денари.

Од Управата нагласуваат дека остануваат посветени на борбата против организираниот финансиски криминал и заштитата на јавните финансии.

Сподели го овој напис
Фејсбук Твитер Копирај линк Принтај

Поврзи се со нас

45к Следачи Лајк
27.4к Следачи Претплатете се

Последни објави

Жена пријавила дека нејзиниот малолетен син бил вратен со повреди по средба со таткото во Скопје
Двајца малолетници приведени по кражба во ГТЦ Скопје, пронајдени нож и електрошок
Возач почина откако му се слошило додека управувал возило кај Кичево
Полицијата во Скопје лиши од слобода неколку лица, запленети дрога и оружје
Заследи нѐ

© 2022 Претрес.мк | СТ Групација-Скопје. Сите права се задржани.

  • Маркетинг

Отстрани од листата за читање

Назад